Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНА (Page 1044)

Повторно е покачена цената на превозот за мигрантите. Цената е повисока за цели 15 евра реагираат граѓанските активисти. Цената на билетот за воз е покачена од 10 на 25 евра. Ова е второ покачување на цените за мигрантите во последните неколку есеци. Минатиот пат цената

Read More

Нов случај на оштетено возило во Грција е пријавено кај македонската гранична полиција. Станува збор за К.М од Штип кој се вратил со оштетено „пежо 206“ на кое налепницата МК му била отстранета, а на повеќе места со остар предмет му била нанесена штета. Инцидентот

Read More

Вчера претпладне гостиварската полиција извршила претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, која запленила хероин спакуван во пакувања подготвени за употреба, изјавува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски. Во домот бил затекнат Ф.А, кај кого е пронајдена црна футрола за наочари која ја чувал во панталоните. Во неа имало

Read More

Одобрена е испораката до Хрватска на 16 лесни разузнавачки борбени хеликоптери од моделот „Кајова вориор“, информира хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Пратката ја одобри Американскиот Конгрес, согласно програмата за подарување на вишокот хеликоптери од составот на американската армија. Вредноста на хеликоптерите изнесува 100 милиони долари, а хрватската армија во следните 3

Read More

Утрово крај брегот на грчкиот остров Фармакониси потонал чамец кој превезувал стотина мигранти и во кој се удавиле три лица, меѓу кои и едно дете. Крајбрежната стража се впуштила во акција за спасување и успеала да извлече 68 патници од чамецот, додека 29 лица сами допливале

Read More

Кипар ќе ја добие последната транша спасувачки кредит од 500 милиони евра во октомври. Денеска министрите за финансии од еврозоната денеска дадоа одобрение и го пофалија Кипар за неговата успешна економсска обнова. Кипар во 2013 година доби спасувачки кредитен пакет во вкупна вредност од 10 милијарди

Read More

Властите во Босна и Херцеговина под засилени мерки за безбедност ги ставија амбасадите и резиденциите на Јапонија и Саудиска Арабија, кои се најдоа под директна закана од напади од членови на џихадистичката група Исламска држава, информира весникот „Независне новине“. Информацијата на весникот е потврдена од Министерството

Read More

Времето денеска ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од седум до 16, а дневната од 23 до 30 степени. Во Скопје ќе биде сончево со слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 12,

Read More

Познатиот брод Вис, на кој пловел Тито ќе биде потопен до крајот на годината за да стане туристичка атракција, единствена од ваков вид во Хрватска. Бродот на некогашната Југословенска воена морнарица ќе биде потопен на 30 метри длабочина. Бродот ќе биде потопен кај р'тот Камењак во

Read More

Денеска напладне е прогласена Асоцијација на Албанските општини во Долината на Прешево. Одлуката е донесена од страна на советниците во општините Прешево и Бујаовац додека советниците од Медвеѓа не присуствувале на оваа средба бидејќи тие утре имаат локално гласање, наведуваат албанските медиуми во јужна Србија. На

Read More