Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионАлбанците формираа Асоцијација на општини во јужна Србија

Албанците формираа Асоцијација на општини во јужна Србија

Денеска напладне е прогласена Асоцијација на Албанските општини во Долината на Прешево. Одлуката е донесена од страна на советниците во општините Прешево и Бујаовац додека советниците од Медвеѓа не присуствувале на оваа средба бидејќи тие утре имаат локално гласање, наведуваат албанските медиуми во јужна Србија.
presevoНа чинот на прогласувањето на оваа асоцијација присуствувале голем број на жители Албанци од јужниот дел на Србија. Оваа одлука е донесена во знак на одговор на давањето на право за формирање на Асоцијација на српските општини во Косово, јавија истите извори.