Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаПо акција на гостиварската полиција, фатен е дилер на хероин

По акција на гостиварската полиција, фатен е дилер на хероин

Вчера претпладне гостиварската полиција извршила претрес во куќата на 30-годишен гостиварец, која запленила хероин спакуван во пакувања подготвени за употреба, изјавува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Во домот бил затекнат Ф.А, кај кого е пронајдена црна футрола за наочари која ја чувал во панталоните. Во неа имало поголема зипер кеса со 43 мали пакувања за која првично е утврдено дека се работи за хероин.

Ф.А. е приведен и задржан во Полициската станица Гостивар, кој денес со соодветна пријава ќе биде изведен пред судија по претходна постапка на Основниот суд во Гостивар.