Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионБродот на Тито ќе биде потопен до крајот на годината

Бродот на Тито ќе биде потопен до крајот на годината

Познатиот брод Вис, на кој пловел Тито ќе биде потопен до крајот на годината за да стане туристичка атракција, единствена од ваков вид во Хрватска. Бродот на некогашната Југословенска воена морнарица ќе биде потопен на 30 метри длабочина.

Бродот ќе биде потопен кај р’тот Камењак во Истра. Сопственикот на бродот Арсен Брајковиќ вели дека на ова место ќе можат да нуркаат и почетници кои имаат лиценца за длабочина од 18 до 20 метри, но и искусни нуркачи. Тој го купил бродот во 2002 година од црногорската влада за 100.000 евра. Кога сфатил дека тоа е прескапо, решил да заработи од туризмот.