Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионТројца мигранти удавени крај брегот на островот Фармакониси

Тројца мигранти удавени крај брегот на островот Фармакониси

Утрово крај брегот на грчкиот остров Фармакониси потонал чамец кој превезувал стотина мигранти и во кој се удавиле три лица, меѓу кои и едно дете.

Крајбрежната стража се впуштила во акција за спасување и успеала да извлече 68 патници од чамецот, додека 29 лица сами допливале до брегот. Продолжува и истрагата по петмина исчезнати мигранти во близина на островот Самос, но потрагата засега е без конкретни резултати.