Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионСАД со богат подарок – 16 борбени хеликоптери за Хрватска

САД со богат подарок – 16 борбени хеликоптери за Хрватска

Одобрена е испораката до Хрватска на 16 лесни разузнавачки борбени хеликоптери од моделот „Кајова вориор“, информира хрватскиот весник „Јутарњи лист“. Пратката ја одобри Американскиот Конгрес, согласно програмата за подарување на вишокот хеликоптери од составот на американската армија.

Вредноста на хеликоптерите изнесува 100 милиони долари, а хрватската армија во следните 3 години ќе треба да плати околу 20 милиони долари за нивните резервни делови, обука и муниција.

Се очекува пратката да пристигне во земјата до крајот на 2016 година и да се користи за одбрана на својата територија, за набљудување на границите, како и за учество во меѓународни операции.