Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаКипар ќе добие 500 милиони евра – последната транша од спасувачкиот кредит

Кипар ќе добие 500 милиони евра – последната транша од спасувачкиот кредит

Кипар ќе ја добие последната транша спасувачки кредит од 500 милиони евра во октомври. Денеска министрите за финансии од еврозоната денеска дадоа одобрение и го пофалија Кипар за неговата успешна економсска обнова.

Кипар во 2013 година доби спасувачки кредитен пакет во вкупна вредност од 10 милијарди евра. Во замена за тоа, земјата требаше да го преструктуира својот банкарски систем и овој процес им предизвика загуби на големите инвеститори и депоненти. Беше воведена и контрола врз движењето на капиталот, чии последни ограничувачки мерки беа укинати во април годинава.

По неформалната средба на министрите за финансии во Луксембург, шефот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум, изјави дека темпото на обновување на кипарската економија е многу подобро од предвидувањата дадени на почетокот на годината, а решителното спроведување на владините реформи веќе „дава плод“.

Деветнаесетте министри од еврозоната, меѓутоа, предупредија дека пред Кипар се уште стојат некои предизвици. Во заедничкото сопштение по средбата тие посочија дека справувањето со високото ниво на лоши кредити останува приоритет за Кипар. Тие ја повикаа Никозија да се придржува кон неодамна преземените правила за процедурите за банкрот и да ги подготви законите за олеснување на префрлањето на кредитните обврски кон друг кредитор за да се обезбеди поголема наплатливост на лошите кредити.

Претседателот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг, изјави дека очекува следната транша за Кипар да се исплати во првата половина на октомври.