Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаШтипјанец се врати од Грција со вандализирано возило

Штипјанец се врати од Грција со вандализирано возило

Нов случај на оштетено возило во Грција е пријавено кај македонската гранична полиција. Станува збор за К.М од Штип кој се вратил со оштетено „пежо 206“ на кое налепницата МК му била отстранета, а на повеќе места со остар предмет му била нанесена штета. Инцидентот не е пријавен во Калитеа. Ова е 11-тото возило во изминатиот месец кое е вандализирано во Грција.