Saturday, Apr 27, 2024
HomePosts Tagged "Охрид"

Охриѓанката Ф.Ѓ. (56) добила кривична пријава од СВР Охрид за загрозување на сигурноста, поради тоа што, како што велат од полицијата, подолго време го малтретирала и го заклучувала 34-годишниот син, поради што нему му се влошила здравствената состојба. Според СВР Охрид, пријавената 56-годишна жена подолг временски

Read More

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала се случил претпладнево во 8.50 часот во Охрид. Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 9 километри источно од Охрид, 7 километри југоисточно од Косел, а се случил на длабочина од 2 километри.

Read More

Зголемување на капацитетите на охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за поголем број дестинации, е една од заложбите на Владата за развој на воздушниот сообраќај во земјава. Ова прашање денеска го отворил министерот за транспорт и врски, Горан

Read More

Со почеток точно напладне, утре пред градилиштето на спорниот хотел во охридската населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за Медитеранска плажа, група граѓани ќе одржат протест за одбрана на Лагадин и на охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација. И покрај тоа што

Read More

Машко лице вчера попладнето било пронајдено починато на улицата „Сатеска“ во Охрид. По пријавата, полициски и екипи на Итна медицинска помош излегле на лице место, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта. Полицијата утврдила дека починатиот е охриѓанецот М.Г. (55) кој живеел на истата улица. По

Read More

Регистриран е потрес од 2,5 степени по рихтеровата скала, на длабочина од 2 километри, а со епицентар во Охрид. По овој потрес, регистриран е уште еден со јачина од 2 степени по Рихтер, повторно со епицентар во охридското подрачје. Овој потрес бил на длабочина од 1

Read More

Лага е дека за овој објект бил обезбеден буџет и дека била завршена постапката за избор на проектант. Всушност, токму за тоа идејно решение бил распишан тендер за избор на проектант, а поради промени во буџетот, односно несоодветно испланирани финансии за реализација, врз основа на

Read More

Подземни води колку цело езеро дополнително ја проблематизираат изградбата на тунелите под Пресека. За исправање на катастрофалните грешки нема да бидат доволни ниту 100 милиони евра, велат експерти. Како што јавува „Дојче веле“, кривини во тунелите со екстра дополнителни потпори или комплетно нова траса во овој

Read More

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени се случил во 12.13 часот на северниот дел на планината Галичица. Епицентарот бил на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри северно од селото Јанковец, а потресот се случил на длабочина од 2 километри, известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотрес

Read More

Земјотрес со магнитуда од 4 степени според европската макросеизмичка скала е регистриран од сеизмолошката станица во Охрид, се дознава од извештајот на Евро-медитеранскиот сезимолошки центар. Земјотресот во 11.12 часот се случил на длабочина од 2 километри, а епицентарот бил на 5 километри североисточно од Охрид.

Read More