Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОхриѓанка го заклучувала 34-годишниот син и го малтретирала

Охриѓанка го заклучувала 34-годишниот син и го малтретирала

Охриѓанката Ф.Ѓ. (56) добила кривична пријава од СВР Охрид за загрозување на сигурноста, поради тоа што, како што велат од полицијата, подолго време го малтретирала и го заклучувала 34-годишниот син, поради што нему му се влошила здравствената состојба.

Според СВР Охрид, пријавената 56-годишна жена подолг временски период во семејната куќа го вознемирувала нејзиниот син В.Ѓ. (34), го заклучувала и не му дозволувала слободно движење низ заедничките семејни простории.

„Таа, исто така, му упатувала сериозни закани и ја загрозувала неговата сигурност, со што му предизвикала чувство на страв и несигурност, го малтретирала оштетениот и му упатувала низа навредливи и заканувачки зборови. Поради тоа, на сега оштетениот В.Ѓ. значително му се влошила здравствената состојба и често барал лекарска помош во Општа болница Охрид“, соопшти СВР Охрид.