Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаМаж пронајден мртов на улица во Охрид

Маж пронајден мртов на улица во Охрид

Машко лице вчера попладнето било пронајдено починато на улицата „Сатеска“ во Охрид.

По пријавата, полициски и екипи на Итна медицинска помош излегле на лице место, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Полицијата утврдила дека починатиот е охриѓанецот М.Г. (55) кој живеел на истата улица. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција чии резултати треба да ја утврдат причината за смртта.