Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНе е прекината реконструкцијата на ЦК „Григор Прличев“, тврди Министерството за култура

Не е прекината реконструкцијата на ЦК „Григор Прличев“, тврди Министерството за култура

Лага е дека за овој објект бил обезбеден буџет и дека била завршена постапката за избор на проектант. Всушност, токму за тоа идејно решение бил распишан тендер за избор на проектант, а поради промени во буџетот, односно несоодветно испланирани финансии за реализација, врз основа на член 169 став 1 алинеја 5 од Законот за јавни набавки, министерот за култура одлучи да ја поништи оваа постапка. Од изнесените наводи, точно е само тоа дека досега било избрано само идејното решение за новиот изглед на Центарот за култура.

Придружете ни се Facebook >
Министерството за култура ја уверува јавноста дека реконструкцијата на Центарот за култура „Григор Прличев“ нема да запре. Напротив, охриѓани ќе добијат модерен објект, достоен за овој град, а не уште една градба, со која би се нарушила архитектноската хармонија на Охрид и статусот на заштитен град од страна на УНЕСКО, и би продолжила праксата на недомаќинско, нетранспарентно, коруптивно и криминално трошење на парите на граѓаните, се вели во соопштението на Министерството за култура, како реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ, во која се тврдеше дека е прекината реконструкцијата.