Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаПовторно се затресе Охридскиот регион

Повторно се затресе Охридскиот регион

Земјотрес со магнитуда од 2,5 степени се случил во 12.13 часот на северниот дел на планината Галичица. Епицентарот бил на 9 километри северозападно од Ресен и 8 километри северно од селото Јанковец, а потресот се случил на длабочина од 2 километри, известува Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Земјотрес со сила од 2,5 степени според европската макросеизмичка скала обично едвај се чувствува од населението.

Подрачјето на северот на Галичица е сеизмички активно од 18 јуни, со повеќе од 1.000 потреси регистрирани оттогаш.