Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСлаб земјотрес го погоди Охрид

Слаб земјотрес го погоди Охрид

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала се случил претпладнево во 8.50 часот во Охрид.

Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил на 9 километри источно од Охрид, 7 километри југоисточно од Косел, а се случил на длабочина од 2 километри.