Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаУтре протест за заштита на Лагадин

Утре протест за заштита на Лагадин

Со почеток точно напладне, утре пред градилиштето на спорниот хотел во охридската населба Лагадин и во непосредна близина на планираната локација за Медитеранска плажа, група граѓани ќе одржат протест за одбрана на Лагадин и на охридското крајбрежје од понатамошна урбанизација и девастација.

И покрај тоа што повод за овој мирен протест е изградбата на спорниот хотел, протестот има цел да го сврти вниманието на институциите и на јавноста кон сите обиди за уништување на крајбрежјето, езерото и на Националниот парк Галичица, кои најчесто се прават под превезот на развојот и на унапредувањето на туризмот.

„Ги повикуваме сите што не се согласуваат со урбаното, еколошко, звучно и секакво друго насилство врз Охридскиот Регион, да дојдат и заедно со нас, преку еден симболичен чин, гласно да ги повикаат добрите духови на езерото и на планината, во одбрана на автентичното природно, културно и амбиентално богатство на Охрид и на крајбрежјето“, велат граѓаните во своето соопштение.