Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗаемот за гасификацијата да не се троши непотребно

Заемот за гасификацијата да не се троши непотребно

Пратениците ќе ја продолжат расправата во Собранието на Република Македонија за подигнувањето на заем од Дојче и Ерсте Банка во висина до 90 милиони евра за изградба на инфраструктурата потребна за провата фаза на гасификација. Со тие средства се предвивидува да се изградат првите траси Штип – Неготино – Битола, како и втората траса Скопје – Тетово – Гостивар.

sobranie

За прашањето за гасификацијата во минатото имаше остри полемики меѓу пратениците на опозицијата и мнозинството и се бараше овој проект да започне многу порано, па можно е предлогот да биде прифатен но, со бројни забелешки и амандмани или пак одбиен и да се наметне финансирање на гасификацијата со пари од буџетот бидејќи не се сигурни како и на што ќе се трошат парите од буџетот.