Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДомашни платежни картички од 6.000 денари ќе добијат овие три категории на граѓани

Домашни платежни картички од 6.000 денари ќе добијат овие три категории на граѓани

Потребни се законски измени и ребаланс на Буџетот за да се изготват списоците на физички лица кои ќе треба да добијат платежна картичка.

Со ребалансот на Буџетот за 2020 година, се обезбедуваат 470 милиони евра за реализација на мерките од четвртиот пакет за помош и поддршка, кој обезбедува значајни средства за поддршка на економијата, за спас на работни места, за зајакнување на приватната потрошувачка.

Платежните картички од четвртиот сет на економски мерки ќе бидат во износ од 6.000 денари и ќе бидат наменети за пензионери, самохрани мајки и баратели на работа.

Од владејачката партија велат дека измените и дополнувањата на Буџетот за 2020 година треба да бидат усвоени во Собранието за да можат 283.000 граѓани да добијат домашни платежни картички.

„Домашни платежни картички ќе добијат 5.726 самохрани родители, како поддршка во справувањето со последиците од економската криза. Тоа ќе значи зајакнување на семејните буџети на над 5.700 семејства и поттикнување на приватната потрошувачка. Платежни картички ќе добијат и пензионерите со пензии пониски од 15.000 денари, пасивните баратели на работа, самостојни уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници, како и 540 студенти, но и граѓаните кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи“, велат во соопштението од СДСМ.