Thursday, Sep 24, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаБуџетот утре во Собрание – Тевдовски жали што опозицијата нема да го критикува

Буџетот утре во Собрание – Тевдовски жали што опозицијата нема да го критикува

(Фото:  РСЕ)

Жалaм што опозицијата нема да учествува во дебатата за буџетот и да дава критики и коментари за најважниот документ за државата, одговори министерот за финансии, Драган Тевдовски на новинарско прашање во Министерство за финансии, каде што се одржа седница на Советот за развој на македонскиот пазар на капитал.

Пленарната седница на која ќе се расправа за предлог-буџетот за 2018 година, е закажана за утре во 11 часот.

Денеска во Министерство за финансии, за првпат се одржа седница на Советот за развој на македонскиот пазар на капитал, а Тевдовски најави нова законска регулатива идната година за пазарот на хартии од вредност, која ќе создаде услови за развој на нови производи и услуги на финансискиот пазар во Македонија.

– Ако пазарот на капитал е добро организиран, тоа позитивно ќе влијае на одлуките на потенцијалните домашни и странски инвеститори да вложуваат во домашната економија, а добро организиран пазар е добро регулиран пазар – вели Тевдовски.

Со Советот претседава Тевдовски, а членови се гуверенерот на Народната банка, Димитар Богов, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за економија, Крешник Бектеши, директорите на Македонската берза, Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар и Агенцијата за супервизија на осигурувањe (АСО).