Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеМногу е лесно да си патриот од странство!

Многу е лесно да си патриот од странство!

Иселувањето не е нова ниту непозната работа, секој 10ти Македонец размислува да се отсели во странство, а во странство има повеќе од половина милион македонци, барем така велат истражувањата. Државата, континуирано во изминативе две децении не успева да ги задржи младите мозоци кои тука го стекнуваат знаењето, а плодовите од добиената диплома ги собираат некаде во туѓината.

иселување

Сето тоа е сосема во ред, секој си ја брка својата егзистенција за да си обезбеди подобро утре, но прашањето што се поставува е дали покрај напорната работа која ја вложуваат нашинците во странство потребно е да го вложат и својот културен идентитет, односо да го „подзаборават“ своето потекло.

lotarija green card

Еклатанти примери за ова постојат безброј, почнувајќи од присвојување на презимиња препознатливи за државата во која се одселиле, а „продажбата“ оди до таму што дури ги менуваат и своите имиња со странски предзнак.nik

За на крајот од продажбата да си го дадат и своето последно Јас, мајчиниот јазик и да го заменат со т.н Манглиски (комбинација Македонско-Англиски). Нејасно е дали Македонците ги прават сите овие нешта за подобро да се интегрираат во тие општества или сепак во нив работи македонското, предавничко.


fb skrin 4


Интересно е што и покрај овие и ред други работи кои нашинците ги прават во странските држави, од мене нејасни причини, тие се всушност најголемите патриоти.

patrioti

Доволно е да прошетаме по нивните фејсбук профили, ретките портали, и да ги слушаме нивните кажувања, мислења и ставови. Тие, самопрогласени, патриоти се оние што преплавуваат со знамиња, националистички изјави, објаснувања за тоа колку е променета Македонија и како тоа овде убаво се живее, но да се вратат не планираат.


македонија вечна


Квази патриотизамот, во изминативе години, го заменија и со барања да учествуваат во изборните процеси во Македонија. Барањата за учество во македонските ибори, најмногу пласирани од Обединетата македонска дијаспора во име на иселениците, им беа реализирани од страна на актуелната владеачка структура. омдИмено, на последните избори иако со навистина слаба излезност од изборните единици 7, 8 и 9 дијаспората избра по еден пратеник, од секоја. Дијаспорините пратеници собраниската плата редовно ја земаат, но не и правото на збор во Парламентот.собраниеТокму ова, гласањето на дијаспората, беше главна тема на препирање во политичките преговори за надминување на македонската политичка криза, ситуација за која не верувам дека поголем дел од нашите „странци“ воопшто се запознаени. Политичките партии, учесници во преговорите, не се договорија – гласањето на дијаспората останува, но со мали измени.
берлин

Следува дилемата дали иселениците од Македонија навистина треба да гласаат на изборите и колку тоа навистина придонесува за демократските капацитети на републиката.

видео: СИТЕЛ ТВ


Гласањето на дијаспората не би требало да биде дел од нашите изборни циклуси, бидејќи во нашиот изборен законик е предвидено секој глас да вреди еднакво. Оттука Ве прашувам дали гласот на граѓанинот кој живее во Македонија, работи, плаќа данок и основа свои корени тука, може да вреди исто како и оној во Америка, Австралија, Канада, Западна Европа итн…

danica


Веројатно ќе слушнете илјадници објаснувања зошто би требало и понатаму да имаат право на глас, но крајното е дека додека не започнат и Тие да плаќаат данок кон оваа држава не можат и не смеат да имаат право на глас во Македонија. Спротивната одлука е на штета на сите оние граѓани на Македонија, кои тука ги поминуваат секои 24 часа од денот, седум дена во неделата, 12 месеци во годината.


skrinshot odam po plazha

Нивната партиципација во изборниот процес го нарушува основното демократско начело, а тоа е правото на еднаквост помеѓу сите луѓе. Ова ги става во супериорна позиција во однос на сите македонски граѓани, кои ги плаќаат своите обрски кон државата и со тоа ги уживаат сите права што таа им ги гарантира.

видео: К-15


Претпоставувам дека веднаш по соочувањето со овие аргументи „нашинците“, од „АФстелиа“, „Кенада“, „Дојчланд енд д ЈУ-ЕС-ЕЈ“, ќе започнат да објаснуваат дека тие праќаат „мегаломански“ суми за своите роднини, кои се оставени тука да се борат со сиромаштијата и тешкиот живот. Токму така, но ова е нож со две острици, зошто?

дијаспора


–Бидејќи статистиката покажува дека паричните приливи од странство за „поддршка на блиските“ од година во година се намалуваат, сè помалку од оние што многу напорно „воркаат“ (анг. Working) се одлучуваат да помогнат на своите во родната држава, иако забораваат дека токму Тие, роднините, ја направиле најголемата жртва да помогнат македонските печалбари да се иселат. Ова е случај во поголем број од примерите, а постојат многу – чест на исклучоците.

Куќа на Македонец во „Њу Џерси“

Куќа на Македонец во „Њу Џерси“


Без разлика кој ќе седне во, се чини, најпрестижната фотелја во земјава на следните избори догодина во Април, прашањето на дијаспората ќе мора да се разреши. Дали решението ќе се бара во воведување на данок за иселеници, со кој би и помогнале на својата татковина во која бараат да бидат претставени. Или преку некое друго законско решение, како на пример одземање на македонските државјанства на оние нашинци кои поседуваат двојно државјанство, а не живеат во Македонија, останува да видиме.

drzavjanstvo


Каде и да се бара решението, редно е да престане лажниот патриотизам и удирањето во гради за македонштината, која се чини дека е најлесно да се брани од неколку илјади километри оддалеченост. Наместо иселениците „крваво“ да ја бранат оваа држава преку фејсбук војни на профилите и интернет пораталите, нека продолжат да си „воркаат“ на раат, и онака за тоа се таму отидени.

видео: Еден на Еден Пародија

Така Ви е тоа драги мои сограѓани, лесно е да си патриот од странство!


Автор: Никола Станков

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница