Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Руската полиција уапси дете за рецитирање стихови од „Хамлет“

Видео: Руската полиција уапси дете за рецитирање стихови од „Хамлет“

Полицијата во Москва вчера уапси 9 годишно дете поради рецитирање поезија. Апсењето цело време го снимала мајката на момчето, а по објавување на видеото, на социјалните мрежи се појавија низа реакции за постапките на полицајците.

Претседателката на Комисијата за заштита на семејството и децата при Јавната комора на Русија, Дијана Гурцкаја сепак изјави дека активностите на униформираните лица биле оправдани, додавајќи дека нападите против полицајците се незаконски.

Според властите, детето просело – тврдење кое таткото заедно со адвокатите го оспорува. Тој тврди дека момчето е уметнички настроено по природа и со рецитирање на поезија ја совладува загриженоста од тоа да е меѓу непознати луѓе.

„Тоа што тоа рецитиралo „Хамлет“, а не е држело плоча со барања за милостина за својата болна мајка, не менува ништо. Според Кривичниот законик се предвидуваат казни за вклучување на малолетници во бездомништвото и просење“ – изјавила за руските медиуми Гурцкаја

Таа посочи дека детето било само, а едвај при апсењето се појавила жена која тврдела дека е негова блиска и која се однесувала грубо со униформираните лица.

Проверка на активностите на полицијата не утврдила нерегуларности. Против родителите на детето, кое рецитирало „Хамлет“ во Москва, почна истрага.