Tuesday, Jul 17, 2018
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗапочна истрага против „Галф“ во Албанија за финансиски измами

Започна истрага против „Галф“ во Албанија за финансиски измами

14-03-33-433193-maduro-opek-saka-dogovor-za-namaluvanje-na-proizvodstvoto-na-nafta_2016111710817

Нафтената компанија “Галф”, една од најголемите нафтени компании во Албанија, е под истрага поради шема за измама за продажба на купони во вредност од 1,5 милиони евра (1,85 милиони американски долари) неколку дена пред затворањето на својата дејност, објавија локалните медиуми.

Обвинителството во Тирана го истражува случајот. Главниот осомничен е менаџерот на компанијата Албано Алико, кој е осомничен за шемата за измама.

Обвинителството се сомнева дека компанијата “Галф” намерно продавала повеќе нафта отколку што поседувала преку купони. Се верува дека компанијата собрала 1,5 милиони евра со продавање безвредни купони за своите клиенти.

Некои клиенти однапред платиле и до 3.000 литри гориво и останале со безвредни парчиња хартија во своите раце.

Инаку пред седум месеци Галф влезе на македонскиот пазар. Ја отвори првата бензиска станица во Скопје, најавувајќи дека мрежата во иднина ќе ја прошири низ целата држава. Македонија беше претставена како втора земја од регионот каде е присутен овој бренд. На отворањето беа присутни и политичари, меѓу кои и високи функционери. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски беше еден од присутните гости, во друштво со заменик министерот Кире Наумов и сопартиецот Игор Ивановски Шема.

Извор: Република