Sunday, Apr 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТаравари бара гостиварската полицијата да не ги казнува иселениците

Таравари бара гостиварската полицијата да не ги казнува иселениците

Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари, со службен допис се обратил до командирот на полициска станица Гостивар, Гази Абдурахмани, барајќи тој и полицајците да бидат потолерантни и покоректни кон иселениците што се вратени во родниот крај за време на новогодишните празници.

„Од позиција на градоначалник на Гостивар и како граѓанин на овој град, барам вашите полицајци да бидат што покоректни во нивните задачи, особено за кон иселениците кои се дојдени во Гостивар. Тие се враќаат само неколку дена во својата татковина и даваат толку многу пари, што ги држат градот и државата со своите приходи! Не е ниту законско, ниту хумано а ниту морално да ги казнувате со парични казни, само затоа што се претпоставува дека тие имаат пари! Прво, тие се заморуваат многу за да ги заработат тие пари, и второ, треба да бидат еднакви пред законот!“, се вели во писмото од Таравари.