Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојувамеУлицата формално ја има, но на терен не постои!?

Улицата формално ја има, но на терен не постои!?

Повеќе од 20 години секој дожд во охридската населба Беј – Бунар е страв за повеќе од 1000 жители остануваат заглавени во кал. Патот долг околу 500 метри, единствен од нивните домови до главната улица, е полн со дупки кои собираат големи количини вода. Како да живеат во 20ти век тие немаат ниту асфалт, ниту улично осветлување.ulica2Жителите се револтирани од локалната самоуправа која, како што велат, не го решава проблемот на граѓаните од овој дел на Охрид, иако редовно плаќаат даноци кон општината.rsz_opstina_ohridДвижењето пеш не е возможно, па жителите мораат со своите возила да се пробиваат низ овие услови. Автомобилите мора постојано да ги перат, во спротивно ризикуваат да добијат казна од 50 евра за кал на гумите.Image2Пред локалните избори 2013 – та година од кандидатите за градоначалник им било ветено асфалтирање на улицата. Но од ветувањата нема ништо. И по две и пол години од изборите асфалтирање не е на повидок.Image2

„Позитив МК“ побара став од општината за овој проблем, но одговор не добивме. Додека да реагираат надлежните, на жителите им преостанува да бараат досетливи начини како во дождливите денови да се пробијат низ калта.


Автор: Никола Станков

Забрането е користење, копирање и превземање на содржините без согласност на редакцијата на pozitiv.mk или авторот, како и без приложување на соодветен линк и наведување на извор.