Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаМожно е излевање на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар

Можно е излевање на реките Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар

Врнежите во последните 24 часа ги зголемија нивото на сите водотеци во Македонија, а особено на реките во западниот дел на земјата.

Според податоците на УХМР, најголеми промени на водостојот има на реките Радика кај Бошков Мост, Сатеска кај Ботун и на Вардар кај Јегуновце, а продолжувањето на врнежите може да доведе до излевање на Радика, Црн Дрим, Сатеска и Вардар.

Се очекува да продолжи зголемувањето на нивото на сите водотеци со оглед на најавите од синооптичарите дека врнежите ќе продолжат, а ќе бидат најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекуваат над 60 литри на метар квадратен.

Најголеми покачувања на водостоите ќе има во западните и југозападните делови од државата, а во текот на наредните 24 часа и на останатиот дел од државата.

Поради можните излевања од УХМР предупредуваат на внимателно движење покрај водотеците и суводолиците.

Во изминатите 24 часа на територијата на Република Македонија паднаа нови врнежи од дожд. На мерните места се забележани внрежи од 1 литар на метар квадратен во Битола, Штип и Берово, пет во Крива Паланка, шест во Скопје-Петровец, седум во Прилеп, 10 во Тополчани и Крушево, 12 во Претор, 19 во Куманово, 35 Скопје-З.Рид, 44 во Охрид, 71 во Дебар, 75 во Лазарополе, 84 во Тетово и 130 во Маврово.