Wednesday, May 8, 2024
HomeГОВОРНИЦАИнтервјуИнтервју со Blended Brew: Македонците имаат слух за рок

Интервју со Blended Brew: Македонците имаат слух за рок

Запознајте ги Blended Brew бенд, една од најголемите атракции на годинешниов Баскер Фест. Прочитајте за нивната сторија како се најдоа во Македонија, нивните амбиции и планови.

П: За почеток ме интересира, како настана името на бендот?

– Името Blended Brew ги представува различните типови на музика кои ги слушаме во овој бенд индивидуално. Некој преферира стил сличен на Metallica, некој повеќе џез и блуз, некој е осврнат кој класичен рок. Може да се каже дека се измешавме заедно. (се смеат)

П: Кога веќе ја спомнавте Metallica, дали имате свои идоли? Можеби некој омилен период од музичката историја? На пример осумдесетите?

– Ако треба да одбереме период кој не го сакаме од музичката историја тоа би бил периодот од осумдесетите. (се смеат) Ни се допаѓаат седумдесетите и деведесетите. Нормално слушаме мал дел музика и од осумдесетите но, причината поради која не ни се допаѓа е дека тој е периодот на glam rock.

blendedbrew 2

П: Дојдовте од далеку да настапите во Македонија. Како дојде до тоа?

– Имаме американски менаџмент, тие отидоа во Лондон и запознаа промотер од Данска.Чудното во оваа приказна е дека промотерот и ние доаѓаме од иста земја но, тој немал слушнато за нас. Истиот тој човек има пријател во Австрија, кој пак е многу добар пријател со организаторот на настанот тука во Македонија.

П: После неколку настапи, како би ја споредиле македонската публика со останатата пред која сте настапувале?

– Публиката тука покажа дека има слух за рок музика! Изненадени сме! Не очекувавме воопшто да бидеме вака прифатени. Понекогаш кога настапуваме сакаме да додадеме една попозната песна, на пример од AC DC, на тој начин им доаѓа лесно да ги поврзат сличностите, иако најчесто свириме само наша музика.

П: Од тоа што успеав да најдам на Youtube сите песни Ви се на англиски. Дали од самиот старт така ја замислувавте вашата кариера – единствено да се пее на англиски?

– Точно, никогаш не направивме песна на дански, никогаш не сме направиле песна на македонски, никогаш не сме направиле песна на кинески (се смеат).  Сакаме да успееме интернационално, исто така фактот дека инспирацијата се надоврзува со музиката и бендовите кои ги слушаме.

П: Имате еден албум. Дали работите на втор?

– Секогаш работиме на нови песни, во моментов не работиме на ништо конкретно. Единствено правиме демо снимки со по 3 до 4 нумери.

П: Кога ќе се земе во предвид жарнот на музика дали чувствувате дека сте во подредена ситуација на музичкиот пазар наспроти други жарнови како рап или поп?

– Да, но ние не гледаме така на тоа, веруваме во нашиот вид на музика како и тоа дека човештвото му треба жива музика. Тоа е различно кога ќе дојдете на рок концерт. Енергијата што ја пренесува бенд во живо не се споредува, а рок музиката секогаш го имала тоа.

blended brew 3

П: Да се свири на инструмент треба време и посветеност. Дали имате музичка едукација?

– Скоро воопшто. Не сме музички едуцирани. Инаку секој од нас се занимава со свирење од мал, најчесто помеѓу девед и четиринаесет години.

П: Како успеавте да го споите сето тоа? Како се запознавте?

– Тоа е долга приказна. Некои од нас одеа во исто школо. Други се познаваа бидејќи се родени во ист град. Некои свиреа во cover band. Имавме и двајца други членови на почетокот. Кога конечно договоривме настап не можеа да дојдат и останатиот дел се приклучија како замени. Од тогаш сме во ист состав.

П: Сите свирите на различен инструмент. Дали можете да се замените еден со друг?

– Да, најчесто за забава, но се менуваме.Секој од нас може да свири на повеќе од еден инструмент а повеќето можат и да пеат.

П: Скандинавските држави , посебно Финска, се популарни со нивната голема ориентација кон рок и метал музика. Дали тоа влијаеше на Вас на било каков начин? Дали мислите дека можете да влијаете на одредена група да го смени мислењето за жарнот кој го свирите?

– Тоа воопшто немаше влијание врз нас.  Мислам дека е можно да влијаеме тоа што го правиме да биде слушнато, секако не можеме и не сакаме да присилиме некој да се одкаже од одреден стил. Фановите од Македонија рекоа дека им се допаѓаат  Rage against the Machine, Led Zeppelin и Pearl Jam. Нашата музика е слична и тука може да се најде врска.

П: Спомнавте неколку бендови. Дали правите преработки?

– Само за забава кога имаме проба.  Ако дозволи приликата свириме една или две песни од AC DC кога настапуваме. Генерално сакаме да ја свириме само авторски нашата музика.

П: Дали имате запознаено некои од идолите кои ги спомнавте?

– Работата со која се бавиме ни дозволува да запознаеме многу музичари. Подобро ќе беше да не прашаш кого би сакале да запознаеме (се смеат). Би ги издвоиле: Dave Grohl , Metallica посебно тапанарот кој е инаку од Данска, Jimmy Page и AC DC посебно  Angus Young.

П: Тука сте уште неколку дена пред да се вратите во Данска. Дали имате агенда, што потоа?

– Да имаме неколку настапи во Данска. Потоа планираме да се вратиме за Пивофест. Сеуште се преговара.  Понатаму ќе се вратиме во Америка но, само за турнеја.

П: За крај како можат македонските фанови да ве следат?

– Не има на скоро секој социјален медиум, facebook, snapchat, twitter итн. Имаме и наш вебсајт www.blendedbrew.com

Подготвил : Васил Ѓурчевски