Monday, Jul 16, 2018
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаТеатро бенд ја преработи легендарната „Косоока“ на Дарио и Миг 21

Театро бенд ја преработи легендарната „Косоока“ на Дарио и Миг 21

20370720_1442775019146862_550043022_n

Песната која стана хит и ја одбележи кариерата на пејачот Дарио Паунковски и групата Миг 21, „Косоока“ повторно се врати во етерот преку маестралната преработка на Виктор Постолов од „Пинк Ѕвезди“ и неговата музичка група „Театро бенд“.

Музичката група „Театро бенд“ на македонската музичка сцена постои веќе 3 години, а ја сочинуваат Љупчо Ѓорѓијев – клавијатури, Виктор Постолов – вокал и Маријан Стоименов – гитара. На нивниот музички репертоар се наоѓаат популарни хитови, македонска, екс-ју и англиска музика. Во нивното 3-годишно постоење настапиле во многу дискотеки и локали низ цела Македонија.

– Ќе следи уште некоја обработка на популарни хитови, а понатаму и авторска музика за која веќе некое време се подготвуваме, најавуваат од „Театро бенд“.

Во продолжение уживајте со „Косоока“ во изведба на „Театро бенд“.