Wednesday, May 1, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВо Среда ново задолжување од 5,5 милиони евра!

Во Среда ново задолжување од 5,5 милиони евра!

Нови 5,5 милиони евра заем од домашните кредитори ќе побара Министерството за финансии, оваа среда. На аукција закажана за 20 јануари, ќе бидат понудени државни обврзници во вредност од 3,87 милиони евра кои треба да се вратат за 15 години и државни записи за 1,626 милиони евра со рок на отплата од 12 месеци. По одржување на аукцијата, односно следниот ден нема долгови кои стасуваат за отплата.

Минатата недела државата преку аукција на државни записи и обврзници побара 15,44 милиони евра но се задолжи за двојно повеке пари односно од домашните банки, фондови, пензиски друштва, осигурителни компании и др клиенти собра 31 милиони евра.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов ги предупреди домашните кредитори да внимаваат при купувањето обврзници бидејќи сите задолжувања над распишаната сума ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување.

Вкупниот долг што до средината на оваа година по основ на допсеани долгови треба да го врати државата е 491 милиони евра за што се закажани вкупно 23 аукции. Следната аукција ќе се одржи на 26 јануари, а следниот ден за враќање стасуваат 8,8 милиони евра.