Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаСтапија на сила мерките за заштита од загадување

Стапија на сила мерките за заштита од загадување

Поради измерена висока концентрација на штетни честички во воздухот од над 200 микрограми на еден метар кубен на две места, од денеска стапуваат на сила мерките на владата за заштита од загадувањето, соопшти портпаролот на владата Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Бошњаковски соопшти дека мерките се стапени на сила од 9.30 утринава.

Тие меѓу другото предвидуваат бремените жени, лица со хронични заболувања и лица постари од 60 години да не одат на работа. Тие предвидуваат и намалување на цените или бесплатен градски превоз, зголемување на контролите на градилиштата, работа на градилиштата од 11-17 часот, како и контрола на МВР на движењето на товарните возила, односно да ја користат обиколницата.

Според Бошњаковски Град Скопје денеска ќе решава за оваа мерка и ќе излезе со информација во јавноста.

Прашан за автобускиот превоз Бошњаковски рече дека одлуката за намалување на цената на билетите или бесплатен превоз треба да ја донесат градските власти.