Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови мерки против корона вирусот денес на владина и на собраниска седница

Нови мерки против корона вирусот денес на владина и на собраниска седница

Сите економски оператори да работат до 23 часот, капацитетот во јавниот превоз да се ограничи на 50 отсто, да се забранат јавни настани и да се даде препорака до целата државна и јавна администрација, до општините и судовите, да ја организираат работата во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации.

Ова е пакетот мерки кои денеска се очекува министерот за здравство Венко Филипче да ги предложи на владина седница.

Претходните рестрикции кои веќе поминаа на владина седница денеска ќе се најдат на дневен ред во Собранието, бидејќи за да стапат во сила треба да се направат измени во Законот за заштита на населението од заразни болести. Почетокот на собраниската седница е закажан за во 11 часот.

Овој пакет се состои од три мерки: задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор на максимум четири лица и ограничување на семејните собири, односно едно семејство да смее да прими најмногу 4 лица.

Извор: Форум на правници