Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВо гасење пожар во Штип повредени полицаец и пожарникар

Во гасење пожар во Штип повредени полицаец и пожарникар

При интервенција на гасење на пожар во Штип настрадал еден пожарникар кој се здобил со изгореници од втор степен на лицето и раката. Пожарот настанал во стан на ул.„Сутјеска“ пожар кој е во сопственост на В.Д. (58), при што изгорела целата покуќнина. Исто така хоспитализиран е и еден полициски службеник кој добил труење со јаглероден диоксид по што му е укажана лекарска помош, а потоа е пуштен на домашно лекување. Екипи на противпожарната единица и на МВР извршиле увид за да се открие причината за избивање на пожарот.