Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаКривична пријава за „ЕВН Македонија“ поради предизвикување пожар

Кривична пријава за „ЕВН Македонија“ поради предизвикување пожар

Снабдувачот со струја „ЕВН Македонија“ доби кривична пријава за предизвикување пожар во куќа, кој настанал поради краток спој на каблите на бандера во сопственост на компанијата.

Како што извести Министерството за внатрешни работи, Надворешната канцеларија за криминалистички работи (НККР) Крушево поднела кривична пријава против „ЕВН Македонија“ АД – Скопје за предизвикување општа опасност.

Според полицијата, на 31 август годинава, на дрвена бандера поставена до семејната куќа на К.С. во крушевското село Борино, дошло до електричен спој на каблите, при што бил зафатен и доводниот кабел што водел до куќата, поради што избил пожар во неа.