Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаОпожарена куќата на Мисајловски

Опожарена куќата на Мисајловски

Пожарот избувнал во 9 часот, при што зафатил кат и кров од куќата на ексминистерот Владо Мисајловски. Во пожарот немало повредени.

Утрово во околу 9 часот избувнал пожар во пекарата “Кендо” во населба Ѓорче Петров.

Пожарот го зафатил и кровот на семејната куќа на ексминистерот и кандидат за градоначалник на општина Ѓорче Петров, Владо Мисајловски.

“Во 9.15 добивме повик, веднаш е интервенирано со 7 возила. Зафатена е кровната конструкција и горниот кат. Навремено е интервенирано и спречено ширење на пожарот. Сѐ уште не знаеме кои се причините за пожарот, екипи на МВР треба да излезат и да направат увид. Еден од пожарникарите се наоѓа во болницата 8 септември. Од вдишан чад му се слошило, но сега се наоѓа во добра состојба”, рекол Звонко Томески, командир на Противпожарната бригада на Скопје, пренесува „Сакам да кажам“.

Според очевидците, пожарот избил од оџакот кој се запалил рано утрово. Во пожарот нема повредени.