Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиВатерполисти на „Партизан“ претепани во Загреб, клубот го откажа учеството на турнирот

Ватерполисти на „Партизан“ претепани во Загреб, клубот го откажа учеството на турнирот

Шестмина млади српски ватерполисти синоќа биле претепани во центарот на Загреб. Како што јавува „Радио Телевизија Србија“, младите спортисти биле членови на ватерполо клубот Партизан и се наоѓале во ресторанот „Мекдоналдс“, каде при напуштањето на локалот биле брутално нападнати од маскирани напаѓачи кои ги тепале со метални прачки. Голманот на клубот се здобил со скршеница на прст, а останатите петмина имале повреди на рацете и на главите.
vaterpolo-partizan
„Нашите деца нормално јадеа во Мекдоналдс, без никакви провокации, а при заминувањето биле нападнати со метални прачки. Очигледно е дека се било добро организирано, штом се дознало дека се тоа ватерполисти од Србија. Разочарувачки е што вакви работи се случуваат, не се ни надеваме дека полицијата ќе ги пронајде виновниците. Секако дека веднаш го откажавме учеството на турнирот, а веќе пристигнаа и родителите на повредените деца“ – изјави член на делегацијата на Партизан.

Полицијата работи на расчистување на овој неспортски настан. Ова покажува дека националистичките тензии меѓу Хрватите и Србите се уште се активни, а се одржуваат во живот кога вечните ривали ќе се состанат на теренот.