Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионЕдно лице повредено во експлозија во Загреб

Едно лице повредено во експлозија во Загреб

Едно лице е повредено, кога утрово во Загреб, засега непознато лице активирало рачна бомба, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил нешто после седум часот.

Жената се здобила со полесни повреди, а повеќе автомобили се оштетени.

ТВ станицата Н1, повикувајќи се на неофицијални информации, јави дека бомбата ја активирала женска личност, која е повредена и префрлена во болница.