Thursday, Apr 25, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавШто се случуваше вчера во Собранието и дали се срамиме од тоа?

Што се случуваше вчера во Собранието и дали се срамиме од тоа?

Што гледавме вчера во Собранието? Да не беше крваво ќе го наречевме циркус.

Почнувајќи од изборот на спикер, што според сите страни (освен ДПМНЕ) е задоцнета реакција, па се до тепањето и крвта во Собранието. Пред се срамна е бројката на присутни полициски сили. Организираната група луѓе многу лесно влезе во законодавниот дом каде вообичаено (кога протестираше тогашната опозиција) има цели кордони специјалци. Овој пат немаше. Ниту специјалци, ниту познатите водени топови кои постојано беа вперени кон демонстрантите на Шарената револуција. Институциите потфрлија. Пратеници и новинари завршија во болница, а снимките беа застрашувачки.

Колегите новинари беа тепани, а пратениците претепани пред нивни очи. Она што новинарите го раскажаа доцна во ноќта треба да ги разбуди и оние паднати во најдлабок сон. Луѓе со фантомки влегоа во Собранието, тепаа се пред себе и најинтересно е што се поздравуваа со оние малку полицајци како со најдобри другари. Аналитичарите веднаш оценија дека се работи за смислено сценарио. Лица со фантомки се однесуваа како Собранието да е нивно. Тие слободно се шетаа и точно знаеа каде одат. Нухиу се огласи доцна. Иванов не го осуди насилството. Меѓународните претставници веднаш изразија загриженост. А Груевски си пиеше кафе во Виена.

Навистина е време за будење. Добро утро Македонијо.
sobranie 5

zaev krvav 1

zijadin sela