Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегион(Видео) Масовна тепачка, српските хулигани повторно дивееја

(Видео) Масовна тепачка, српските хулигани повторно дивееја

Вчера вечерта пред предниот дел на храмот Свети Сава во Белград дошло до големо тепање помеѓу навивачите на Црвена Звезда и Партизан, пренесува РТС.

Две лица се повредени во тепачката, тие беа однесени со брзата помош во Ургентниот центар.

Сето тоа се случило по натпреварот меѓу Партизан и Спартак во кошарската српска Суперлига, наводно, приврзаниците на црвено-белите ги чекале навивачите на Партизан и ја започнале борбата.

Според “Телеграф”, Делии дознале за планот на Гробарите да палат бакли на познатите места во Белград, а следно место било токму храмот Свети Сава, па така настанала суровата ситуација.