Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаТрајковски заминува од УЈП, го наследи Миновски

Трајковски заминува од УЈП, го наследи Миновски

Досегашниот директор Горан Трајковски ќе замине од челната позиција на Управата за јавни приходи, а на негово место ќе биде поставен Кирил Миноски кој го предводеше Државниот пазарен инспекторат.

goran trajkovski

Одлуката е донесена на седница на Владата од каде на Трајковски му се заблагодарија за досегашната служба и квалитетно завршените задачи кои ги извршуваше уште од 2006-та кога ВМРО-ДПМНЕ се врати на власт. Трајковски беше и под голем притисок на опозицијата која во т.н. бомби објави голем број на разговори, а упати и многу критики за работата на оваа институција.