Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЌе се поедноставува поднесувањето годишни даночни пријави

Ќе се поедноставува поднесувањето годишни даночни пријави

Управата за јавни приходи (УЈП) најавува дека ќе го поедностави системот за поднесување годишни даночни пријави и понатаму оваа инстутуција тоа ќе го прави електронски.

Од УЈП неодамна информираа дека работат на даночните реформи во делот на персоналниот данок на доход, што значи поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на данокот.

– Земајќи предвид дека новините и даночните реформи во голема мера ќе го изменат и досегашниот начин на пресметка, пријавување и на плаќање на персоналниот данок од страна на фирмите, граѓаните и на сметководствените бироа, Управата, од август 2017 година, ќе почне активности за вклучување на сите засегнати страни (фокус-групи) во процесот на креирање и на тестирање на даночните услуги од новиот систем е-персонален данок – пишува на веб-страницата на УЈП.

Од УЈП сметаат дека на овој начин ќе се овозможи намалување на административните трошоци и поедноставување на постапките за пријавување, поднесување пресметки и плаќање на персоналниот данок од страна на граѓаните и на правните лица.

Проектот за поедноставување на процедурите за пријавување и за плаќање на персоналниот данок е финансиран од ИПА-фондовите во вредност од 93.730 евра и од буџетот во вредност од 574.800 евра.