Saturday, Nov 25, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаРазрешен директорот на штипската клиника

Разрешен директорот на штипската клиника

klinicka-bolnica-stip

Разрешен е медицинскиот директор на Клиничка болница во Штип, Александар Стојаносвки, а на негово место е назначен др.Ален Ѓорѓиев. Инспекцијата која беше испратена во болницата констатирала нехигиена, неетичко однесување и нерегуларности во работењето, соопштија од Министерството за здравство.

„По извршената инспекција во Клиничка болница Штип, воочени се одредени нерегуларности во работењето, неетичко однесување од страна на дел од вработените, а воедно е утврдено дека хигиената во установата не е на задоволително ниво. Врз основа на констатираното, донесена е одлука за разрешување на медицинскиот директор на Клиничка болница Штип, и за нов директор е именуван д-р Ален Ѓорѓиев“, се вели во соопштението.

Како што пренесува „Нова ТВ“, сменет е и директорот на Центарот за јавно здравје во Штип, а за нов директор е именувана д-р Марија Димитрова. Разрешен е и економскиот директор во Клиничката болница во Тетово.

Инаку, НОВА во неколку наврати пишуваше за нехигиената и лошата состојба во болницата во Штип, особено на одделот за Гинекологија и акушерство кој изгледаше како да е од периодот на Втората светска војна. Сега веќе екс директорот Александар Стојановски тврдеше дека се тоа инструирани лаги, по што наредниотд ен во одделот беа донесени нераспакуван нов стол кој стоел така додека трудниците се прегледувале на ЕХО на обичен стар кревет.