Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветТерористите од Брисел поседувале оружје доволно за нов напад

Терористите од Брисел поседувале оружје доволно за нов напад

Терористите, кои ги извршија терористичките акции во Брисел пред една година, оставиле скриен арсенал, доволен за извршување нов напад, јавија белгиски медиуми.

Податоците се од извор близок до истрагата и биле извадени од компјутер, фрлен од напаѓачите, непосредно пред нападите на аеродромот и во метро станица во Брисел.

Според иследниците, во гаража што ја користеле терористите биле сокриени четири автоматски пушки, две бомби, две експлозивни направи и радиостаници.

Снимка од разговорот меѓу терористите и нивниот обучувач во Сирија покажува дека арсеналот е на располагање, доколку се појават нови лица, кои сакаат да извршат напади.