Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИванов во Брисел ќе се сретне со Туск

Иванов во Брисел ќе се сретне со Туск

Претседателот Ѓорге Иванов од денеска во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопштија од кабинетот на претседателот.

Иванов, кој се наоѓа во дводневна посета на Кралството Белгија, утре ќе учествува на 19. годишна сесија на Форумот за домашна и глобална безбедност, во рамки на Форумот „Кран Монтана“. Предвидено е Иванов да се обрати на официјалната сесија на отворањето на форумот, како и на пленарната сесија посветена на соседската политика на Европската Унија, со посебен фокус на иницијативата „Три мориња“.

За време на посетата на Брисел, Иванов ќе се сретне со заменик-претседателот на владата и министер за надворешни работи и европски прашања на Кралството Белгија, Дидие Реиндерс.