Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСо заем од ЕБОР ќе се гради екпсрес патот Штип-Радовиш

Со заем од ЕБОР ќе се гради екпсрес патот Штип-Радовиш

Владата повторно се задолжи за изградба на нов експресен пат меѓу Штип и Радовиш кој ќе биде надополнување на автопатот Скопје-Штип со тоа што зема креди од 64 милиони евра од Европската банка за обнова и развој. Предвидено е градежните активности да започнат во првите три месеци од 2016-та година во период кога исто така ќе се работи на повеќе делници, како на пример крак од Штип до Кочани и од Кочани до Делчево.

Договорот за заемот од ЕБОР денес го потпишаа вицепремиерот Зоран Ставревски, Сју Барет директорката за транспорт на ЕБОР, Холгер Муент директорот на ЕБОР за Западен Балкан и Александар Стојанов директор на ЈП за државни патишта.