Monday, May 6, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНов заем на владата од 5 милиони евра

Нов заем на владата од 5 милиони евра

Владата денеска од домашните кредитори бара уште еден заем, овој  пат од 5,1 милиони евра.

На аукција на хартии од вредност се продаваат три месечни записи со и без девизна клаузула во вкупна вредност од 3,5 милиони евра и записи со рок на доспевање од една година за 1,62 милиони евра.

Утре по основ на доспеани долгови, владата треба да врати 5,1 милиони евра.

Според податоците на Министерството за финансии, заклучно со март, јавниот долг изнесува 4,3 милијарди евра или 45 % од бруто домашниот производ со кој Македонија е во групата на земји со умерена задолженост. Последната аукција за овој месец е закажана за 31 Мај.

zadolzuvnaje-17.05