Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаСо оперативен план за 2016 да се вработат 13.500 лица

Со оперативен план за 2016 да се вработат 13.500 лица

Владимир Пешевски, вицепремиерот за економија и Диме Спасов министерот за труд и социјална политика, најавија дека се изработува новиот оперативен план за 2016-та година во кој ќе бидат опфатени повеќе мерки и проекти за вработување на 13.500 лица. Планот за стимулирање на новите работни места ќе се реализира преку домашните надлежни институции како Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување, а подршка ќе има и од меѓународни институции како УНДП и УСАИД.

makedonija vrabotuva

Мерките ќе бидат насочени кон невработените млади лица до 29 години кои ќе може да посетуваат обуки за различни вештитни, потоа финансирање на идеи и проекти, како и субвенции за вработување. Како и досега ќе бидат опфатени и лицата од социјално ранливите категории, а за финансирање на сите активности ќе бидат вложени околу 12 милиони евра.