Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовите вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни, тврди Манчевски

Новите вработувањата во администрацијата ќе бидат транспарентни, тврди Манчевски

Отпуштања од јавната администрација нема да има, а вработувања ќе има согласно потребите и процесот ќе биде транспарентен, одговори на новинарско прашање министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на промоцијата на проектот „Една точка на услуги“.

Тој додаде дека, веќе има природен одлив од администрацијата, односно намален е бројот на вработени, а точниот број ќе се знае во март, кога министерството законски е обврзано да даде извештај за вкупниот број на вработени од претходната година.

– Немаме доволен број на високо-квалификувани луѓе за да ги преземат раководните места во администрацијата – истакна Манчевски.

Министерот потенцираше дека во администрацијата недостасуваат инженери, архитекти и правници. Оттука, во првите шест месеци од следната година треба да се вработат електроинженери за да се имплменетира централниот електронски регистар на население.