Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСледната недела САД одлучува дали ќе остане во парискиот Договор за климата

Следната недела САД одлучува дали ќе остане во парискиот Договор за климата

Трамп соопшти дека конечната одлука на САД за тоа дали ќе останат во парискиот Договор за климата, може да се очекува следната недела.

Ваквото негово соопштение, како и вообичаено, напишано на Твитер, доаѓа откако претходно одби да се обврзе на останување на САД во радикалниот климатски договор, опстојувајќи на интензивниот меѓународен притисок.

Останатите шест земји членки на Г-7 донесоа одлука да се придржуваат до Договорот од Париз за климата – пренесоа светските агенции.

Администрацијата на Трамп побарала дополнително време за да размисли дали ќе остане обврзана на договорот за намалување на емисиите на штетни гасови.