Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветСилна бура во Москва носеше се пред себе – има мртви и повредени

Силна бура во Москва носеше се пред себе – има мртви и повредени

Едно лице загина и 29 се повредени од паднати дрвја и громови за време на силната бура што во текот на изминатата ноќ ги зафати Москва и Московската област, пренесе ТАСС, повикувајќи се на властите.

Претходно денеска градоначалникот на руската престолнина, Сергеј Собјанин, информира дека сите последици од ураганот се надминати и ситуацијата во градот е веќе нормализирана.

Ова беше најсилната бура во Москва од 1998 година, забележа ТАСС.

Повеќе од илјада дрвја беа соборени, над сто автомобила беа оштетени, делници од патиштата беа поплавени, а без струја останаа десетина населби во Московската област.

МИА