Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКомби влета во ресторан во Лос Анџелес и повреди девет лица

Комби влета во ресторан во Лос Анџелес и повреди девет лица

Девет лица се повредени во Лос Анџелес откако комби се судрило со камионет и влетало во ресторан, јавуваат локалните медиуми.

По несреќата на булеварот Пико, во болница се пренесени осум лица, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес на „Твитер“ и додаде дека деветтото повредено лице е пожарникар, кому не му било потребно хоспитализирање.

Американските медиуми наведуваат дека несреќата ги имала карактеристиките на нападите на исламските екстремисти кои претходно беа изведени во Европа и во Израел.

– Станува збор за сообраќајна незгода, ништо намерно – соопшти поручникот Џим Луис пред полицијата во Лос Анџелес.