Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАСветМакедонец повреден во нападот во Барселона

Македонец повреден во нападот во Барселона

Согласно комуникацијата остварена со надлежните служби, македонската амбасадата во Шпанија дојде до информација дека еден македонски државјанин во моментот се наоѓа во болница во Барселона.

Лицето во моментот на извршување на нападот се наоѓало во непосредна близина и се здобило со скршеница на зглобот на ногата. Лицето се наоѓа вон животна опасност и е третиран од страна на шпанските медицински служби

Претставник од македонската амбасада во текот на ноќта се упати кон болницата каде што се наоѓа повредениот македонски државјанин.

Барселона е последна во низата големи европски градови која се соочи со смртоносен терористички напад за кој одговорноста ја презеде „Исламска држава“. Тринаесет луѓе загинаа, а над 100 се повредени во четвртокот попладне (17.8.), кога комбе влета во толпа луѓе на туристичката улица Ла Рамбла.

Очевидци сведочат за ужасот кој го гледале додека возилото се движело цик-цак по Ла Рамбла, во близината на плоштадот Каталуња, со очигледна намера да убие што повеќе луѓе.

Помалку од 12 часа подоцна се случи уште една драма- само на 120 километри јужно од Барселона, полицијата уби 5 лица за кои со автомобил влетале во толпата луѓе на променадата на приморскиот град Камбрилс. За време на овој инцидент во петокот (18.8.) во раните утрински часови, повредени се 7 лица, меѓу нив и еден полицаец. Некои од петмината напаѓачи носеле и појаси со експлозив и истражителите поаѓаат од тоа дека постои поврзаност на овој со нападот во Барселона.