HomeДЕНЕШНАСветСе урна руски бомбардер – пилотите загинаа

Се урна руски бомбардер – пилотите загинаа

Стратешкиот руски бомбардер Ту-95 се урна за време на воена вежба, на 80 километри од градот Хабаровск, соопшти руското Министерство за одбрана. Екипажот успеал да се катапултира од авионот пред уривањето, наведува Министерството, но двајца пилоти сепак загинале.

Останатите петмина членови на екипажот се пронајдени живи.
– Летот е извршен без муниција. Авионот се урна во ненаселено место и не предизвикал никаква штета, се наведува во соопштение на руското Министерство.

Според анонимен воен извор, како што јави ТАСС, причина за падот е техничка грешка. Тоа е седми инцидент со воени руски авиони од почетокот на летото. Командата на руската воена авијација издаде наредба да бидат запрени сите летови на бомбардерите Ту-95 додека не бидат утврдени причините за несреќата, јави ТАСС. На местото на несреќата е испратена комисија на министерството за одбрана, што треба да го истражи инцидентот, соопшти руското министерство.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com